Правдико

Стопанска комора: Недоволно арбитражни постапки поради навика и незнаење

Навиката и незнаењето, односно недоволната информираност, се клучните причини поради кои во Македонија се уште е многу мал бројот на споровите што се решаваат со арбитража.

Како што рече денеска на прес-конференција Прочитај повеќе…

Арбитража и арбитражно решавање на споровите

FullSizeRender (8)Арбитражата е тело од недржавен карактер, составено од (едно или повеќе) лица за чиј избор се договориле странките, на кое странките спогодбено и драговолно му го довериле донесувањето на мериторната одлука во спорот, а Законот таа одлука ја изедначува со правосилната судска пресуда. Кога зборуваме за дефинирањето на арбитражата според старите автори, тогаш се воочливи елементите од напред неведената дефиниција, но во тие дефиниции посебно се инсистира на терминот „приватен суд“ кој се однесува на природата на арбитражниот суд. Терминот „приватен суд“ може да се употребува условно, затоа што тој суд произведува правни ефекти кои имаат исти последици како што има и државниот суд.

Автор: м-р Јулијана Трајановска

Прочитај ја целата статија ТУКА

Оман бара арбитража против Бугарија за банкротот на КТБ

Најголемиот државен инвестициски фонд на Оман поднесе барање пред арбитражен суд против Бугарија заради крахот на Корпоративна трговска банка (КТБ), јавија британските медиуми, повикувајќи се на он-лајн базата на податоци на Меѓународниот центар за надминување на инвестициските спорови од Вашингтон.

584608571DE9A74FB3488EB88FB60A6E

Фондот на генералните државни резерви на Султанатот Оман поседуваше 30 проценти од КТБ, која беше Прочитај повеќе…

Хрватска излегува од договорот за арбитража со Словенија

Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ изјави дека неговата земја излегува од договорот за арбитража со Словенија за границата во Пиранскиот залив.

piranski_zaliv

-Хрватска не може да остане во договорот за арбитража. Постапката е контаминирана. Хрватска излегува од Прочитај повеќе…

И за спор од 9 милиони евра компаниите не мора да одат на суд

Повеќе од 150 правници, адвокати, економисти, претставници на бизнис-секторот, судии, како и домашни и странски експерти од областа на арбитражното право во вторник ќе присуствуваат на меѓународната конференција посветена на арбитражата во регионот на ЦЕФТА, која ќе се одржи во Скопје.

arsenТие ќе споделат искуства за развојот и унапредувањето на арбитражното решавање на трговските спорови, но и ќе го промовираат овој начин на надминување на несогласувањата меѓу фирмите надвор од судовите. Kонференцијата ја организира македонскиот Постојан избран суд-Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со финансиска поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија. Учеството на оваа конференција е без котизација, а секој учесник бесплатно ќе ги добие материјалите од конференцијата.  Прочитај повеќе…

Арбитража – Поим и меѓународно регулирање

ivan2Државните судови ги основа државата како трајни (перманентни) органи на власта, на кои странките им се обраќаат секогаш кога имаат потреба за правна заштита на нивните субјективни права. Целиот систем се базира дека судијата е некој со кои странките немаат никаква допирна точка, барем до моментот кога постапката ќе отпочне. Овластувањето на судијата да ги решава споровите на странките извира од самата држава, а странките немаат никакво влијание врз таквото овластување.

Кога спорот треба да се реши пред арбитража работите стојат поинаку. Пред арбитражниот суд да пристапи кон извршување на својата задача, тој мора најнапред да биде конституиран и тоа за секој случај пооделно. Прочитај повеќе…

Решавање на спор преку Постојаниот избран суд – Арбитража

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. 

arbitration

Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност.

Како институција надлежна за арбитражно решавање на домашни спорови и на спорови со меѓународен елемент, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, функционира од 1993 година. Во изминатиов период, работењето на Арбитражата при Стопанската комора на Македонија се одвиваше согласно со автономните арбитражни правила на институцијата. На 20 април 2011 година е донесен нов Правилник за работата на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со цел осовременување на арбитражното решавање на споровите и имплементирање на актуелните трендови во оваа сфера. Прочитај повеќе…

Правила на Постојаниот избран суд – Арбитража

Screenshot_1Со овој правилник се уредува организацијата на  Постојаниот избран суд-Арбитража при Стопанската комора на Македонија, надлежноста и составот на арбитражните судови и правилата на постапката пред Арбитражните судови во споровите со и без меѓународен елемент.

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Прочитај повеќе…

Партнери на Правдико