Тахири: Ослободувањето на Харадинај е услов за продолжувањето на дијалогот со Србија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Тахири: Ослободувањето на Харадинај е услов за продолжувањето на дијалогот со Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовската министерка за дијалог, Едита Тахири изјавила дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина не може да продолжи се додека лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај не се врати во Косово од Франција, каде од јануари ја чека одлуката на судот за екстрадиција, на основа на барањето на Србија, пренесуваат приштинските медиуми.

„Дијалогот со Белград може да продолжи дури откако Харадинај ќе биде ослободен и ќе се врати на Косово, и после тоа Собранието на Косово може да ја укине резолуцијата за прекинување на преговорите“, рекла Тахири пред пратениците и потсетила дека дијалог придонел Косово да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација.

Таа додала дека Косово е партнер кој гради мир во регионот и дека дури и земјите од ЕУ, кои не ја признале независноста на Косово, го поддржуваат европскиот пат на Косово.

„Косовската влада смета дека Бриселскиот дијалог даде значајни резултати и дека сите договори се постигнати во согласност со Уставот на Косово“, рекла Тахири.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико