Тајани во водство на изборите за претседател на Европскиот парламент
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По првата рудна од гласањето за претседател на Европскиот парламент во вторник во Стразбур во водство е Европскиот народна партија (EPP) Антонио Тајани со 274 освоени гласови, додека неговиот противкандидат од редовите на социјалдемократите Џани Питела доби поддршка од 183 пратеници.
Во текот на гласањето од 751 пратеници, гласаа 718 од кои 683 беа валидни, додека 35 гласови се неважечки. Покрај 274-те гласови за Антониот Тајани и 183 за Џани Питела, Хелга Стевенс од Европските конзервативци и реформисти (ECR) освои 77 гласови, Британката Џин Ламберет од Зелените/Европски слободен сојуз – 50, Лорент Ребага од Европа на слободата и непосредната демократија (EFDD) – 43 гласови.
Бидејќи ниеден кандидат не освои апсолутно мнозинство, 50 отсто плус еден глас, се оди во вториот круг од гласањето. Според извештаите на медиумите од Стразбур кои поседуваат информации од пратеничките групи, Сојузот на либералите и демократите за Европа (ALDE0 му дал целосна поддршка на Тајани, со исклучок на холандските либерали од партијата Демократи 66 (D66).
Се дознава дека лидерот на холандските либерали, Ги Верхофштад кој се повлече од трката за наследникот на Мартин Шулц, би можел да го замени Доналд Туск на местото претседател на Европскиот совет, а пратеникот од редовите на ALDE, би можел да ја добие потпретседателската позиција во Европскиот парламент,
Потпретседателката и портпаролка на социјалдемократите Тања Фајон го обвини Верховштад поради неговата поддршка за Тајани за „политичка недоследност“, а неговиот потег го нарече „спектакуларно салто“.
„Од Бепе Грило до Берлускони во помалку од една седмица, Верхофштад дополнително ја докажа својата политичка недоследност, изведувајќи спектакуларно салто“, соопшти Фајон. Според неа, „откако Верхофштад се обиде да изведе трагикомични потег со популистичкото Движење пет ѕвездички (M5S) за да ги зголеми личните шанси за победа, изгледа дека челникот на либералите сега склучил договор со човекот на Берлускони во Брисел“, кандидатот на EPP, Тајани.
Фајон вели дека социјалдемократите на либералите им понудиле „проевропски“ договор на кој не добиле одговор, и оти „изгледа дека Верхофштад за тоа не ги известил своите колеги“. Исто така, изрази уверување дека на овој состав на Европскиот парламент му е потребна „поамбициозно и потранспарентно мнозинство“.
Пред изборите аналитичарите му даваа блага предност на Тајани, пред неговиот сонародник Питела, кој со истакнувањето на својата кандидатура објави крај на „големата коалиција“ меѓу демохристијаните и социјалдемократите во распределбата на челното место во парламентот.
Распределбата на нашите функции се меѓу најтешките одлуки во ЕУ, бидејќи се донесуваат почитувајќи ја политичката, географската и половата рамнотежа, повеќето по преговори меѓу паневропските партиски сојузи и државите членки. Европските челници во 2014 година на функцијата претседател на Европскиот совет го именуваа Доналд Туск, конзервативен поранешен премиер на полскиот премиер, но и италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини, социјалистка, како висока претставничка за надворешна и безбедносна политика за ЕУ. Истата година за претседател на Европската комисија е избран поранешниот луксембуршки премиер, конзервативец Жан-Клод Јункер, откако EPP освои најмногу мандати во Европскиот парламент.
Извор: Макфакс