Тајланд: Двајца мигранти осудени на смртна казна
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тајландски суд ги осуди на смрт двајца мигранти од Мјанмар за убиството на двајца британски туристи на тајландскиот остров во 2014 година.
Смртната казна следуваше по истрагата и судењето кое беше придружено со бројни недоречености, вклучувајќи ги обвинувањата за неспособност на полицијата, приложување погрешни докази и мачење на осомничените, пренесува Ројтерс.
Туристите Хана Витриџ и Дејвид Милер беа пронајдени мртви на плажата на островот Кох Тао во септември 2014 година.
По неколку недели притисок за решавање на случајот, полицијата уапси двајца мигранти од Мјанмар, Зав Лина и Вин ЗавТуна и соопшти дека уапсените признале дека го сториле убиството.
Меѓутоа, тие подоцна го повлекоја своето признание, велејќи дека признанието било дадено под принуда.