Талат Џафери и официјално претседател на Собранието | Правдико

Правдико

   

Талат Џафери и официјално претседател на Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На официјалната интернет страница на Собранието на Македонија денеска, наместо сликата на претходниот спикер Трајко Вељаноски, стои слика од новоизбраниот претседател Талат Џафери.

Како потретседатели се уште се наведени Антонио Милошоски, Рафиз Алити и Рената Дескоска, а на дневен ред на следната седница на Парламентот треба да се најде и изборот на нови потпретседатели.

На страницата на Собранието беше објавена и фотографија од средбата меѓу претседателот, Талат Џафери и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Семуел Жбогар.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико