Талат Џафери препозна петмина од напаѓачите во Собранието | Правдико

Правдико

   

Талат Џафери препозна петмина од напаѓачите во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од присутните 10, претседaтелот на Собранието, Талат Џафери, денеска во судницата препозна петмина од напаѓачите во Собранието.

„Лицето во сина тренерка со жолти линии. Сега без брада, тогаш имаше брада и носеше црна тренерка“, се присети Џафери. Тој ги препозна: Стојан Павлески, Никола Димитриевски, Андреј Мицов, Кире Ѓоргиевски и Оливер Ошавковски. „Тие беа првите кои влегоа во прес-салата на Собранието и меѓу првите кои почнаа да ги напаѓаат присутните. Ова го тврдам со целосна одговорност“,  рече Џафери на прашање на адвокатот на оштетениот Зијадин Села, Абедин Абдули.

Претходно Џафери во судницата рече дека еден од напаѓачите во Собранието извикал: „Со Села завршивме, на вас е редот’“.

За обидот за убиство на Села обвинети се вкупно десетмина, и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико