Талески денеска на распит во СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска ќе има распит пред Специјалното обвинителство, велат извори во СЈО за НОВА.
Неофицијално, тој веќе патува кон Скопје за да се појави пред обвинителите и е спроведен со полиција од својот дом во Битола каде издржува куќен притвор.
Денеска ќе стане јасно дали Талески за „Транспортер“ каде е првоосомничен, ќе избере да зборува за детали околу случајот или пак ќе се брани со молчење.
Талески и вчера бил повикан на распит пред СЈО, но битолскиот градоначалник не се појавил да даде исказ. Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.
НОВА објави дека СЈО трагало по имот на Талевски во Хрватска, откако добило информација дека тој поседува куќа на море во оваа земја.
Извор: НОВА