Талески: Немам сторено кривично дело, се чувствувам супериорно | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Талески: Немам сторено кривично дело, се чувствувам супериорно

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој во четврток присуствуваше на јавна седница на којашто се расправаше за куќниот притвор којшто му беше продолжен, по седницата изјави дека нема сторено никакво кривично дело и дека се чувствува супериорно.

taleski-apelacija

„Немаме сторено никаков кривичен прекршок и апсолутно се чувствуваме супериорно затоа што вистината е на наша страна. Јас сум убеден дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат правилна мерка. Ценам дека сето ова почнува да добива еден расплет. Јас сум сигурен дека граѓаните ќе видат дека целата ситуација е наместена. Ќе повторам дека не може од еден телефонски разговор што го водат некои двајца луѓе за некој трет (Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска за Владимир Талески н.з.), овој третиот да биде обвинет дури и за кривичен прекршок “, изјави Талески.

Специјалното јавно обвинителство вршеше проверки дали Талески додека е во притвор потпишува службени документи, а Талески денеска потврди дека потпишува документи бидејќи нема никаква друга забрана освен куќниот притвор.

Талески е првоосомничен во случајот „Тарнспортер“, а СЈО го сомничи за малверзации со училишниот превоз. Тој два месеци е во куќен притвор кој му истекува на 20 август.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико