„Таргет“ и „Тврдина“ се спојуваат, за „Талир“ и „Табла“ продолжува истрагата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство случаите „Таргет“ и „Тврдина“ ги спои во едно обвинение, а само за „Талир“ и „Табла“ нема да поднесе обвинение. Како што образложи денеска на прес-конференција специјалната обвинителка Катица Јанева, истрагата за „Талир“, околу незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ беше покрената пред еден месец, што е краток период за таа да биде завршена.
„За некој што водел незаконска кампања во изминатите 8 години не може за еден месец да се истражат сите дејствија кои треба да се стават на товар на обвинетите“, рече таа. Според Јанева, за предметот „Талир“ откако ќе се соберат сите материјални докази, треба да се извршат и вештачења за да се утврди фактичката состојба.
Нема обвинение ни за предметот „Табла“ во кој е осомничен директор на основното училиште „Реџо Рушиќ“ од Зајас, бидејќи без јавна набавка склучил договор за изградба на објект за 200 илјади евра. Според Јанева, за случајот е проширена истрагата и во неа се вклучени високи функционери при што СЈО ќе продолжи да работи на „Табла“.
Извор: Макфакс