Правдико

   

„Таргет – Тврдина“ одложена за 17 јануари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за споениот предмет на СЈО „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето е одложено за 17 јануари.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски.

Судијката Ленка Давиткова на денешното рочиште оцени дека не се исполнети законските препоставки за одржување на главната расправа и затоа судењето се одложува.

Јанкулоска, Мијалков и Јакимовски денеска дојдоа во судот. Нивните адвокати на почетокот на рочиштето побараа судењето да не се снуима од медиумите бидејќи дел од обвинетите се уште се вработени во УБК.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико