Правдико

   

Тасева и Николов од утре ќе следат како партиите трошат пари за изборите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателката на „Транспарентност Македонија“, Слаѓана Тасева, најави дека заедно со Центарот за економски анализи од утре ќе почнат да следат како партиите ќе ги трошат парите во предизборниот период, за изборите на 11 декември.

transparentnost1

Тие овој проект го најавија во јануари, по повод предвремeнитe избори во април, но по нивното одложување, проектот беше замрзнат.

– Проектот беше замрзнат со одложувањето на изборите, но од утре официјално ќе почнеме да ги следиме политичките партии – одговори Тасева на прашањето на „Мета“ дали ќе ги следат финансиите на политичките партии.

Претседателката на ТМ, Тасева, и Марјан Николов од Центарот за економски анализи, тогаш истакнаа дека ќе го следат медиумското претставување на партиите, нивните трошоци, како и трошењето на буџетот на централната и на локалната власт за време на предизборниот и на изборниот период.

Дневните весници денеска ги објавија и ценовниците за платено политичко претставување за предвремените парламентарни избори, во согласност со законска обврска на медиумите за објава на ценовници за рекламирање на политичките партии за изборите.

Така, на пример, една внатрешна страница реклама во црно-бел печат чини од 420 до 560 евра, а во боја – 770 евра. Цената на инсертирање прилози се движи од 400 до 800 евра.

Цените за платено политичко претставување не се разликуваат многу од претходните години.

Извор: Мета

Партнери на Правдико