Татко ги претепал двете ќерки и сопругата | Правдико

Правдико

   

Татко ги претепал двете ќерки и сопругата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец ги натепал двете ќерки тинејџерки и својата сопруга, на кои им е укажана лекарска помош.

Имено, Т.Б.М. (39) од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг М.М. (42) од Зелениково извршил насилство над неа и нивните две ќерки. Кога М.М. дошол во дворот од нејзиниот дом со нивната тринаесетгодишна ќерка веднаш почнал да и се заканува. Ги турнал децата и физички ја нападнал Т.Б.М. , удирајќи ја по главата и лицето и ја влечел за косата. Со клоци ја удирал и постарата ќерка А. М. (18).

Откако реагирал чичкото В.Б. (56) и му рекол да си оди, насилникот си заминал.

Помалата ќерка ја известила мајка си дека пред да ја донесе, околу 20 часот во неговиот дом физички ја нападнал и ја повредил на надлактицата на десната рака. Од физичкиот напад Т.Б.М. се здобила со видливи повреди во пределот на лицето на десната страна во вид на гребаница. А.М. се здобила со модринки на двете надколеници, а помалата ќерка се здобила со видлива повреда на десната рака.

На сите им била укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико