Татко и син нападнати од 20 лица во Штип
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера околу 13:30 часот на штипската улица Косовска, во дворот на семејната куќа 40-годишниот Г.Н. и неговиот татко Р.Н. биле нападнати од 20 непознати лица, информира Министерството за внатрешни работи.
– Напаѓачите со камења, дрвени стапови, мотика, лопата и други предмети почнале да удираат кон нивната куќа, кон возило „Пежо Партнер“, сопственост на Р.Н., а потоа и физички ги нападнале Р.Н. и Г.Н.. Настанот се одвивал пред очите на сопругата и мајката на Г.Н., кои исплашени за својот живот се обидувале да влезат во куќата, но истите биле попречувани од сторителите – информираат од МВР.
Повредените татко и син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничка болница Штип. Кај Г.Н. биле констатирани тешки телесни повреди, по што истиот е пренесен во Ургнетен центар Скопје, а кај Р.Н. биле констатирани телесни повреди.
– Причина за настанот е претходна расправија на Г.Н. со лице од ромска националност кое вршело мала нужда во дворот од неговата куќа – велат од МВР.
Оттаму додаваат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Полицијата велат дека како можни сторители повикани се неколку лица со кои бил извршен разговор. Истакнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Извор: Нова Македонија