Татко и син под истрага за откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје | Правдико

Правдико

   

Татко и син под истрага за откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против татко и син за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„При претрес во домот на двајцата осомничени, на улицата ‘Методија Митревски’ во Скопје, вчера биле пронајдени поголемо количество оружје, разна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викенд-куќа на семејството во селото Раштак, каде што било пронајдено дополнително количество оружје и муниција“, соопшти Обвинителството.

На осомничените на возраст од 73 и 46 години определен им е притвор поради можност за бегство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико