Правдико

   

Татко и син претепани во Охрид

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во вторникот вечерта, во Охрид биле претепани татко и син, а синот се здобил и со внатрешно крварење во мозокот.

Имено, три лица на бул.„Туристичка“, го начекале У.И. (18) кој се движел со возило, а откако застанал тие почнале да викаат на висок тон и со раце и нозе да удираат по возилото, при што го оштетиле предниот браник и го скршиле задното десно стоп светло.

У.И. се исплашил и заминал, по што телефонски му кажал на неговиот татко. За кратко време кога поминал покрај кај кафе бар го забележал неговиот татко паднат на земја, а истите лица го удирале по телото со дрвена летва и железна прачка.

Кога У.И.(18) отишол да му помогне, лицата физички го нападнале и него, по што побегнале од местото на настанот. На двете лица им била укажана лекарска помош, при што кај У.И. (44) се констатирани телесни повреди, а кај У.И. (18) биле констатирани тешки телесни повреди односно внатрешно крварење на мозокот. Тие ќе бидат задржани на понатамошно лекување во медицинскиот центар Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот и подигнати биле предмети за понатамошна постапка. СВР-Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико