Татко ја силувал ќерката, тетката го пријавила | Правдико

Правдико

   

Татко ја силувал ќерката, тетката го пријавила

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дванаесетгодишно девојче од Куманово, било силувано од својот татко, но од страв, десетина дена молчело, по што се доверило на својата тетка.

zena-siluvana-mak-01

Имено, во четвртокот, околу 23 часот во СВР Куманово, Ф.Д. (24) од Куманово пријавила дека нејзината дванаесетгодишна внука и кажала дека нејзиниот татко М.Д. во нивната семејна куќа, пред околу 10 дена со сила имал сексуални односи со неа.

Девојчето од страв не смеело на никого да кажува ниту случајот да го пријави во полиција. Кога отишла Ф.Д. на гости, детето и се доверило и кажало што се случило и настанот го пријавила во полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико