Правдико

   

Таткото и двајцата синови обвинети за нападот врз полицајците во Шуто Оризари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против таткото и неговите синови кои во септември годинава нападнаа полициски службеници во Шуто Оризари.

Настанот се случил кога полициските службеници, заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот „фолксваген пасат“, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди.

Обвинителството соопшти дека еден полициски службеник преку отворениот прозорец се обидел да го отклучи автомобилот и да го спречи обвинетиот во натамошните дејствија. Обвинетиот излегол од возилото и заедно со брат му и уште неколку други непознати лица физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Откако на помош пристигнале и други полицајци и обвинетите биле обезбедени, пристигнал нивниот татко, кој исто така почнал физички да се пресметува со полициските службеници.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико