Таткото што си ги уби трите деца во Загреб почнал да комуницира со лекарите | Правдико

Правдико

   

Таткото што си ги уби трите деца во Загреб почнал да комуницира со лекарите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Таткото што си ги уби трите деца во Загреб, Харалд К. (56), во моментот е стабилен и почна да комуницира со лекарите, а денеска би можел да излезе од болница.

Според информациите што „Н1“ ги доби утрово од полицијата и КБЦ „Сестри милордни“, потврдено е дека таткото е свесен и комуницира со лекарите.

Тој би можел да излезе од болница денес или најдоцна утре, а потоа треба да биде префрлен во полиција за кривична истрага.

Се очекува стандардна постапка, која се состои од испрашување во Канцеларијата на окружното обвинителство и потоа посета на истражен судија.

Доколку се утврди дека е привремено непресметлив, што е по малку веројатна опција, постои можност тој да биде сместен во болницата „Врапче“.

Наоди од крв биле земени за понатамошна полициска постапка за да се утврди дали бил под дејство на опијати, а тој во болницата не ѝ дал изјава на полицијата.

Обдукцијата на децата е подготвена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи со цел да се утврди како се убиени, со труење со таблети или со задушување.

Страшното злосторство се случи ноќта помеѓу петокот и саботата кога Харалд К. ги уби своите три деца во Загреб, па се обиде да си го одземе животот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико