Тече истрагата за можни турски шпионирања во Германија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Германија во моментот се спроведува истрага против 20 турски државјани под обвинувања дека во Германија ги шпионирале приврзаниците на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил а кого официјална Анкара ги обвинува за формирање паралелни државни структури во Турција и за неуспешниот воен преврат од 15-ти јули минатата 2016 година, пишува во четвртокот дневниот весник Die Welt.
„Во моментов се води истрага против 20 осомничени, како и против непознати лица, поради сомневања во шпионирање на германска територија по налог на турската влада, а шпионирањето било насочено против припадниците на движењето на Ѓулен“, го цитира Die Welt писмениот одговор од германската влада упатени на барање на пратеничката група Левица.
Поранешниот близок соработник на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, Фетула Ѓулен, официјална Анкара бара да ѝ биде предаден од САД во врска со истрагата за неуспешниот обид за пуч.
Пратеничката на Левица, Севим Дагелен, која на германската влада ѝ го упатила писменото барање за објаснување, ја обвини германската влада поради „преблагиот“ однос кон наводните случаи на турско шпионирање во Германија.
„Од државотворно гледиште целосно е неприфатлив благиот однос кон случаите на турското верско здружени Дитиб, кој доведе тоа оџите коишто ги шпионирале верниците во меѓувреме неказнето се засолнати во Турција“, изјавила Дагелен за Die Welt, алудирајќи на аферата којашто претходеше на наводното откривање на турски државни агенти, а во текот на кој на виделина се покажала практиката според која и оџите во турското главно верско здружение Дитиб, ги следат верниците во Германија.
Според натамошното пишување на Die Welt, забележливо било дека Дитиб, која според написот е директно подредена на владата во Анкара, минатата година побарала 345 визи за оџи кои проповедаат во Германија, што било двојно повеќе отколку пет години претходно во 2011 година.
Од Дитиб одбиле за весникот да го коментираат зголемувањето на верските службеници во Германија.
Германското правосудство пред повеќе од една седмица отвори истрага поради сомневања во турски шпионирања на поборниците на Ѓулен, во Германија со што се отвора нов фронт во германско-турската криза. Аферата за јавноста ја откри висок функционер на германската покраинска влада, кој изјави дека Анкара побарала од Берлин помош во шпионирањето на 300 лица и организации во Германија, за коишто се оценети дека се блиски на движењето на имамот Фетулах Ѓулен.
„Јасно е дека турската тајна служба (MIT) ги шпионираат лицата коишто живеат во Германија“, изјави кон крајот на март министерот за внатрешни работи на сојузната земја Долна Саксонија, Борис Писториус. Предупреди на „параноичното“ тежнеење на Турција да ги шпионира во Германија поборниците на Ѓулен. „Тоа е потполно неприфатливо и неподносливо“, рече Шисториус и побара од владата на канцеларката Ангела Меркел да ги изнајде „вистинските и јасни“ зборови коишто ќе ѝ ги упати на Анкара.
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Томас де Мезиер истакна дека е казниво шпионирањето кои трети земји го вршат во Германија и заклучи дека тие на својата територија не прифаќаат таков вид активности. Министерот за надворешни работи Зигмар Габриел оцени дека доколку турските разузнавачки служби дејствувале на германска територија, тоа претставува тежок престап, пренесе на 28-ми март агенцијата DPA.
Германското Државно обвинителство се ќе се обиде да утврди дали Турција навистина собирала информации за приврзаниците на Ѓулен коишто живеат во Германија.
Писториус прецизираше дека околу 10 до 15 такви цели,меѓу кои најмалку едно училиште и две компании во Долна Саксонија, властите ќе ги информираат дека биле предмет на следење и дека ризикуваат затвор доколку патуваат во Турција.
Извор: Макфакс