Правдико

   

Тече рокот за приговори за резултатите од парламентарните избори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во земјава, почнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освои најмногу гласови и 46 места.  СДСМ освои 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места. Демократска унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови и 15 места, коалицијата Алијансата за Албанците – Алтернативна 81.229 гласови и 12 места, Левица 37.551 глас и две пратенички места, а Демократската партија на Албанците (ДПА) 13.891 гласови и еден мандат во парламентот.

На изборите гласале вкупно 942,334 граѓани.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико