Правдико

   

Тече рокот за пријавување за парична помош за новороденчиња во Аеродром

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2017 година.

novorodence-aerodrom

Еднократната парична помош, се наведува во соопштението, се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до Општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на Општина Аеродром.

Право на еднократна парична помош за новороденче имаат родителите, чија адреса на живеење е во Општина Аеродром, а потребни документи што треба да се достават на увид се: извод од матичната книга на венчаните (за родителите на новороденчето), извод од матичната книга на родените (за новороденчето), важечки лични карти/други исправи од двајцата родители за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром (или една доколку имаме самохран родител и дополнителна изјава), копија од трансакциска сметка, барање за еднократна парична помош (кое се добива во соба број 19 во Општина Аеродром или на нивната интернет страница.

Документите може да се достават секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот најдоцна до 31.3.2017 година за деца родени минатата, 2016, година.

Со помошта од 5.000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има за цел барем малку да им помогне на младите родители, како и да им испрати јасна порака дека Општината се грижи за своите најмлади жители, стои во соопштението од Општината.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико