Техничкиот Комитет за Медиуми на CISAC со Резолуција за новите измени на Законот за авторското право во РМ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На Техничкиот Комитет за Медиуми одржан во Дубровник од 15-16.10.2015 год беше донесена Резолуција по однос на Измените и дополнувањата на Законот за авторскот право во Македонија со која се повикуваат надлежните органи во Македонија да ги укинат штетните измени и дополнувања на ЗАПСП.
Во резолуцијата се наведува дека измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права ги прекршуваат меѓународните правила за авторски права, како што е утврдено во МРО, Бернската конвенција, ТРИПС спогодбата на Светската трговска организација, Спогодбата за авторското право на ИЛРО и директивата за информатичко општество на ЕУ (2001/29/ЕС).
Се повикуваат надлежните органи во Македонија итно да ja исправат ситуацијата со укинување на горенаведените измени и дополнувања, со што ќе гарантираат дека Македонија ќе продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски во авторските права.
Се потенцира дека ефективнита и силна авторско правна заштита претставува лакмусов тест за аспирациите на членство на Македонија во ЕУ.
Резулуцијата можете да ја превземете ТУКА