Телото за помирување предлага поширока јавна расправа за уставните измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавна расправа за нацрт амандманите освен во Скопје да има и во другите градови, предлага работната група за интеграции на интерпартиското тело за помирување, информираше пратеникот, Јован Митревски од СДСМ по завршувањето на седницата на работната група.
„Покрај Скопје, се договоривме јавни расправи да се одржат и во други градови, таму каде што има универзитети како што се Битола, Тетово, Штип. Добро е покрај МАНУ, да се вклучат и други институции, да се добијат различни стручни мислења за продолжување на понатамошните процеси“, рече Митревски.
Инаку, јавната расправа треба да трае пет дена, откако ќе бидат донесени уставните нацрт-амандмани. Процесот за носење уставни измени согласно договорот од Преспа треба да заврши до средината на јануари.
Габриела Димковиќ Мишевска
Извор: Макфакс