Темелко им давал по 20 евра на гласачите | Правдико

Правдико

   

Темелко им давал по 20 евра на гласачите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинетиот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко, според обвинителниот акт, прифатил да организира и носи лица од Албанија во Македонија за на противзаконит начин да им се определи адреса на живеење во општини каде обвинетите сметале дека им се потребни дополнителни сигурни гласачи.

Притоа, за изборите во Центар во 2013 година со уште двајца други обвинети од Пустец донел 625 лица на кои подоцна им се издадени важечки документи со истата намера. Темелко, како што е наведено во обвинението, пред локалните избори во 2013, организирано довел 366 лица во Ресен и 207 во Кичево за да бидат фотографирани за лична карта со место на живеење во овие општини со намера подоцна да се впишат во избирачкиот список и да имаат право на глас.

„Постапувајќи по планот на групата, обвинетиот Е.Т. за време на одржувањето на локалните избори во 2013 година и за време на одржувањето на предвремените парламентарни избори и претседателските избори во 2014 година искористувајќи слични околности на лица со избирачко право им давал подарок од по 20 евра со намера да ги придобие да го вршат избирачкото право – пишува во обвинителниот акт за „Титаник“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико