Темелни права - сместување во европската рамка | Правдико

Правдико

   

Темелни права – сместување во европската рамка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_4Прирачникот ја следи студијата и има за цел да послужи најнапред при спроведувањето на обуките предвидени со проектот, а понатаму како извор на информации и практични совети за обезбедувањето на заштитата и унапредувањето на човековите права во Република Македонија.

Следејќи ги наодите од студијата, а при конципирањето на прирачникот тимот истражувачи на МЦЕО разви четири модули за обука на адвокати и млади практичари, претставници на младински организации, претставници на невладини организации и претставници на медиумите кои користејќи го прирачникот и со помош на практичните вежби во истиот ќе можат да ги потврдат знаењата стекнати од обуките.

Во прирачникот тимот на МЦЕО користеше материјали кои се јавно достапни од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, како и од Европската унија и Европскиот суд на правдата, особено публикации кои обете организации и нивните институции ги имаат приготвено за олеснување на постапката за аплицирање. Конечно, составен дел на прирачникот е компилација на материјали во електронски формат кои ќе треба да ја олеснат практичната работа на
секој корисник на пакетот.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико