Тензично во Сребреница откако на локалните избори победи кандидатот на српските партии
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тензична состојба во Сребреница во неделата вечер откако кандидатот на српските партии Младен Грујичиќ прогласи победа на локалните избори, пренесуваат босанските медиуми.
По завршувањето на локалните избори во земјата приврзаниците на Грујичиќ започнале да слават низ улиците на Сребреница, по што на терен пристигнале и засилени полициски сили.
На улиците можело да се слушнат повици и аплауз за Грујичиќ, со скандирање на пораките „Победа“ и „Србија“. Од партијата на Грујичиќ навеле дека тој има три илјади гласови повеќе од актуелниот градоначалник и противкандидат Ќамил Дураковиќ.
Запрашан околу тоа како ќе изгледа одбележувањето на 11-ти јули во Сребреница наредната година, односно Денот на сеќавањето на жртвите од масакрот, Грујичиќ рекол ги почитува сите жртви и дека општината ќе има свој удел во ова одбележување.
Тој додал дека се ќе биде како и претходно и дека Србите и Бошњаците во Сребрениа ќе можат да продолжат да живеат во мир, и покрај тоа што многумина се обидуваат да ги раскараат.
„На терен Србите и Бошњаците се почитуваат и сите заедно гледаат кон иднината“, рекол Грујичиќ за регионалната телевизија N1.
Извор: Макфакс