Тепачка меѓу вработени во скопски ресторан
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ноќеска било пријавено дека во угостителски објект на улицата Христо Татарчев во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.Ј.Т. (46) и К.Г. (22), вработени во ресторанот.
Тие имале несогласување за секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се туркаат, при што К.Г. добила видливи повреди. По целосното документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Извор: Макфакс