Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Едно лице е повредено во тепачка меѓу затвореници во затворот во Идризово.
Според информациите на МВР, вчера во 16:30 часот во полиција било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ во петтото крило, односно во затворениот дел, по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу осудениците С.Р.(26) и М.Е. (32), двајцата од Скопје, при што М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од страна на лекар на Клиниката за максилофацијална хирургија. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс