Тереза Меј: Или договор или да останеме во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Тереза Меј: Или договор или да останеме во ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британската премиерка Тереза Меј рече дека постојат два начина да се избегне ситуацијата во која не би бил договорот за брегзит – или да се избегне договорот или да се повика членот 50 од Лисабонскиот договор, што би значело останување во Европската Унија.

„Останување во ЕУ би значело кршење на резултатите од референдумот, а тоа е нешто што оваа Влада нема да го направи“ рекла Меј во парламентот, еден ден откако пратениците го отфрлија нејзиниот предлог договор за брегзит.

Таа ги прашала пратениците кој вид на договор за брегизт тие би поддржале.

Поради синоќешниот исход од гласањето, Велика Британија се наоѓа во најголема политичка криза во последните 50 години и размислува како и дали да излезе од ЕУ, на која ѝ се придружи во 1973 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико