Тереза Меј: Жртвите злоставувани од моќници да знаат дека ќе истражиме се детално | Правдико

Правдико

   

Тереза Меј: Жртвите злоставувани од моќници да знаат дека ќе истражиме се детално

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека е длабоко вознемирена поради бранот обвиненија за несоодветно сексуално однесување на пратеници во парламентот.

Како што пренсеува Ројтерс, Меј рекла дека жртвите од злоставувањата треба да знаат дека нивните желби ќе бидат на најодговорен начин истражени. Министерот за одбрана Мајкл Фалон поднесе оставка минатата среда, откако се појавија обвинувања за неговото непримерно сексуално однесување. Тој во писмо, упатено до премиерката Меј, објаснил дека оставката ја поднел бидејќи неговото претходно однесување не било во согласност со високите стандарди кои ги пропишува позицијата на министер за одбрана.

Фалон минатата недела се извини поради инцидентот од 2002 година кога ја ставил раката на коленото на една политичка новинарка, но не бил испитуван поради тој инцидент.

Велика Британија ја тресат серија сексуални скандали во кои се вмешани политичари на високи позиции. Министерот за грижа за деца во регионалната шкотска влада, Марк Мекдоналд поднесе оставка, откако призна дека се однесувал непримерно, со што стана првата личност поврзана со скандал со сексуално вознемирување во Британија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико