Терорист уапсен на аеродромот во Сараево
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Припадници на агенцијата за истрага и заштита (СИПА) на БиХ на сараевскиот аеродром уапсиле лице обвинето за кривично дело тероризам.
Постојат основани сомнежи дека како припадник на терористичка организација тој војувал на бојното поле во Сирија и Ирак.
Од СИПА соопштуваат дека лицето било уапсено синоќа поради сомневање дека сторило кривични дела за организирање во терористичка група и подготвување деликти, одоносно дека се товари за кривично дело тероризам.
Уапсениот е осомничен дека од 1 јули 2013 година како член на терористичките организации „Нусра фронтот“ и Исламската држава се борел на фронтовите во Сирија и Ирак.
Извор: Макфакс