Тешка кражба во лабораторија на Фармацевтскиот факултет
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во полициската станица Центар од Фармацевтски факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје било пријавено дека во лабораторија на факултетот непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот го скршил прозорецот со тврд предмет, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД-монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс