Тешка кражба во спомен куќата на Гоце Делчев во Битола | Правдико

Правдико

   

Тешка кражба во спомен куќата на Гоце Делчев во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ograbena-spomen-kukjata-na-goce-delchev-250924На 08.04.2015 пријавено е дека на ул.“Стево Патакот“ во Битола, поточно во Музеј – Спомен куќа на Гоце Делчев во периодот од 03.04.2015 година до 08.04.2015 од страна на непознат сторител со насилно отворање на влезната врата извршена е тешка кражба при што одзел разно оружје- експонати: четири пиштоли, две пушки, две турски сабји и еден турски јатаган.

Од страна на увидна екипа при СВР-Битола извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Како составен дел на оваа музејска поставка, во собата во која престојувал Гоце Делчев и во која се одржувале состаноците, задржан е ентериерот со амбиентот во оригинална состојба, за да се наслика автентичноста на времето.

Препорачуваме

Партнери на Правдико