Тешка кражба во стан во Битола – украдени накит, лаптоп и 45.000 денари | Правдико

Правдико

   

Тешка кражба во стан во Битола – украдени накит, лаптоп и 45.000 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Непознат сторител вчера, во период помеѓу 16.30 и 19.15 часот, извршил тешка кражба во стан на улица Смилевски конгрес во Битола.

Кражбата ја пријавил 32-годишниот Н.Ј, сопственик на станот.

Сторителот влегол во станот со употреба на сила и од лимена кутија во спалната соба одзел поголема количина златен накит и лаптоп, а од дневната соба одзел 45.000 денари. Увидот на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико