Тешки кражби во Гостивар и во Бороец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во две одделни кражби во Гостивар и во Бороец, струшко, одземени се повеќе од 18.000 евра, пиштол и златни предмети.
Имено, во четвртокот во полициска станица Гостивар, А.Љ. (46) од Гостивар пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан.
Сторителот со погоден предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и без претурање, од тоалетот, поточно од разводната табла во која биле поставени водоводни вентили, пронашол и одзел најлонска кеса во која имало помеѓу 15.000 и 16.000 евра и помеѓу 60.000 и 120.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Истиот ден, во 14.20 часот во полицијата ви Велешта, струшко, С.И. (56) пријавил дека ноќта околу полноќ, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Ш.С. од село Бороец, струшко, кој бил на привремена работа во Швајцарија.
Сторителот преку прозор од подрумските простории влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол калибар 9 мм и златни предмети, а потоа насилно отворил сеф од кој одзел предмети кои дополнително ќе бидат утврдени. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс