Тешки кражби во скопско, битолско и во црква
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тешки кражби се случиле за време на викендот, па така од куќа во Илинден ограбен е сеф, во кој имало многу пари, златен накит и парфеми, додека од куќа во битолско украдени се денари, долари евра и злато.
Д.Т. (36) од населбата Илинден-Скопје пријавил дека во периодот од четвртокот до саботата непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот насилно влегол внатре и по извршеното пребарување во една соба пронашол метален сеф кој насилно го отворил и од истиот одзел 1.200.000 денари, 10.000 евра, 2.000 американски долари, разновиден златен накит и седум парфеми. Во друга соба пронашол и одзел женски паричник во кој имало 2.000 долари, 3.000 денари и 270 српски динари, По што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во неделата пак, во периодот од 19.30 до 22.30 часот во село Братиндол, битолско, во куќата сопственост на Б.И. (52), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел 341.800 денари, 5.740 австралиски долари, 300 канадски долари, 4.120 евра и златно ланче со привезоци. Веднаш потоа сторителот го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во црквата „Св.Петар и Павле“ во село Долна Бањица, гостиварско, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол во црквата и одзел 2.500 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс