Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Штип | Правдико

Правдико

   

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Штип

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осумдесет и едногодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Штип.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 9:50 часот на крстосницата на улиците Партизанска и Сремски фронт, кога автомобил „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (38) од Штип, удрил во пешакот Б.Д.(81) од Штип. .

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико