Тестамент составен пред нотар како повереник на судот | Правдико

Правдико

   

Тестамент составен пред нотар како повереник на судот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По завршувањето на човековиот животен век, а со цел да се задржи вредноста на имотните и материјалните добра кои биле негова сопственост, настанува наследувањето. Оттаму, сè што моментално ни припаѓа нам, во иднина ќе го наследат нашите поколенија. Изразувањето на волјата на оставителот додека тој е сè уште жив во праксата е најдобриот начин за регулирање на наследните односи, а воедно е и најбезболен начин на сукцесија. Тоа е причината поради која оставителите најчесто одлучуваат својата оставина да ја распределат со тестамент. Завештавањето или тестаментот претставува лична изјава на волја со која оставителот одлучува на кој начин неговиот имот ќе биде распределен после неговата смрт.

Во рамките на правните дефиниции, тестаментот претставува законски уреден облик на строго лична и валидна изјава во рамките на волјата на едно способно лице – тестатор или оставител (defunctus, decujus), со кој истото одредува како неговиот имот ќе биде распределен после неговата смрт и евентуално дава изјава и наредба во врска со својата смрт.

Автор: М-р.Марија М. Јакимовска

Прочитај ја целата статија ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико