Тетовец нападнат од непознати лица, повреден е во главата и ногата | Правдико

Правдико

   

Тетовец нападнат од непознати лица, повреден е во главата и ногата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовец бил нападнат од непознати лица, кои му нанеле удар во главата со тап предмет и рана во ногата од остар предмет.

Во полицијата во Тетово дежурен лекар во хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово пријавил дека кај нив дошло лице кое побарало помош поради здобиени повреди од ладно оружје.

Кога полициските службеници пристигнале во болницата лицето веќе било заминато. Од извршениот разговор со лекарот било констатирано дека се работи за Ж.М. (28) од Тетово, кој имал повреди во пределот на главата, која што му била нанесена од тврд метален предмет и повреда во пределот на десното стапало нанесена од остар предмет.

Полициски службеници извршиле телефонски разговор со Ж.М., кој изјавил дека во 18.40 часот на ул. „121“, без повод и причина физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико