Тетовец тешко повреден во оружен инцидент | Правдико

Правдико

   

Тетовец тешко повреден во оружен инцидент

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четириесетгодишен тетовец е тешко повреден откако во него пукале двајца мажи од Тетовско. Инцидентот се случил по куса расправија, по што двајцата мажи испукале неколку куршуми кон сега повредениот и побегнале.

Настанот го пријавила сопругата на повредениот маж, која била сведок на нападот.

Повредениот Ш.М. веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде што му биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико