Тетовка била уценувана со компромитирачки фотографии | Правдико

Правдико

   

Тетовка била уценувана со компромитирачки фотографии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б. (46) поради сомнение за кривично дело уцена и против А.Д. (35) и Ј.Д. (55), двајцата од Свети Николе, поради сомнение дека му помагале.

Првопријавениот Б.Б., кој бил на издржување казна затвор во Штип, во својот мобилен телефон имал фотографии од четириесетгодишна тетовка со компромитирачка содржина кои самата му ги испратила на „Вибер“.

Тој почнал да ја уценува со предавање на фотографиите на нејзиниот сопруг, ако не му даде 3.000 евра.

Жената, исплашена од случката заминала на извесен период во Германија, по што Б.Б. заедно со А.Д. продолжил со уценување на нејзиниот сопругот, на кого успеале да му изнудат пари во три наврати.

Првиот пат сопругот на оштетената им дал 250 евра, додека пријавените биле во затворот. Исто така, во два наврати на жиросметка на Ј.Д. уплатил по 10 илјади денари.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико