Тетово: Роднини се степале за имот, едно лице во кома
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седумдесет и седумгодишен тетовец паднал во кома откако негови роднини го истепале поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите на МВР, вчера, околу 10,30 часот, во Тетово на ул.„Железничка“, во подрумска просторија од куќата сопственост на М.Ј.(77), дошле тројца негови роднини, со кои ја делел куќата.
Роднините, поради нерасчистени имотно-правни односи, веднаш физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата го удрил со тврд предмет во пределот на телото, од што М.Ј. паднал во бессознание.
Повредениот е пренесен во Клинички центар -Тетово. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
Извор: Макфакс