Правдико

   

ТИ: Македонија со пад од 24 места по индексот на перцепција на корупција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За 2016 година, Македонија се најде на 90. место со 37 поени, што е пад од 24 места за разлика од 2015 година, кога била на 66 место според Индексот за перцепција на корупцијата, објави во вторник невладината Транспаренси интернешнал.

Според тоа, земјата го има еден од најниските резултатите на европскиот континент. Во однос на минатата година, Македонија има пад од 5 поени на листата на „ТИ“, а во регионот, зад нас е само Косово, кое се наоѓа на 95-тото место со 36 поени.

„Проблемот со корупцијата ескалира. Македонија забележа историски и глобално најголем пад на ранг листата на индексот за перцепција на корупцијата. Владата која повеќе години водеше политика заснована на клиентилизам и интереси, не само што ги занемаруваше сите укажувања за ескалација на проблемот со корупција, туку со восспоставувањето на системот на заробена држава со оневозможи работењето на институциите задолжени за борба против корупцијата“, вели во изјавата Слаѓана Тасева од ТИ.

Според неа, на овој начин се создал силно изразен систем на заштита на корумпираните и систем во кој наспроти правото владеат интереси.

„Овој систем мора да се замени со систем во кој владее правото, а институциите ќе бидат ефикасни и ќе преземаат сериозни мерки за справување со корупцијата“, вели Тасева.

Транспаренси интернешeнл го објави овогодишното рангирање за нивото на корупција во 176 земји во светот, а според листата, земји со најмал индекс на корупција, се Данска и Нов Зеланд, а следат Финска, Шведска, Швајцарија, Норвешка, Сингапур.

Од балканските држави најмалку корумпирана е Словенија (31 поени) , а потоа следува Србија (72), додека Албанија и Босна и Херцеговина го делат 83. место.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико