Правдико

   

Тимот на Брисел кој ќе го „пегла“ договорот за развод на Велика Британија со ЕУ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

– Mишел Барние е главниот преговарач на Европската унија за Брекзит. Тој во моментов располага со тим од 29 лица, кои ќе ги координираат напорите на Брисел за постигнување договор за развод со Велика Британија до 2019 година.

Тимот

Тимот е предводена од 66-годишниот Барние, поранешен француски министер и еврокомесар,  а тимот може да координира и да користи експертиза од Европската комисија.

Заменик главен преговарач е Сабине Вејнд, која е долгогодишен претставник на Германија во Европската комисијата. Таа учела на Кембриџ во 80-тите години на минатиот век. Првата половина од 23-годишната кариера ја минува во Европската комисија, каде работи во областа на трговската политика, а подоцна е ангажирана на работни задачи за координација помеѓу евро-институциите.

Како главен советник за стратегија, координацијата и комуникација е Стефани Ризо, француски економист со кариера во областа на буџетите и финансии во Европската комисијата. Таа  директно е потчинета на Барние.

Нејзиниот седум член тим вклучува правни и дипломатски советници, како и малтешки претставник, чија задача е да ги одржува врските меѓу 27-те земји членки на ЕУ без Британија.

Ова ќе се случува преку извештаи до Европскиот совет, предводен од поранешниот полски премиер Доналд Туск. Белгискиот дипломат Дидие Сејоус, таму ќе биде координаторот за Брекзит Во јуни, кога завршува шестмесечното европско претседателство на Малта, Естонец ќе ја преземе екипата на Барние, следен е Бугарин, Австриец, па Романец.

Три специјализирани одделенија ќе одговараат пред Вејнд: внатрешен пазар, сектори и меѓусекторски прописи со седумчлен тим: буџет, расходни обврски и програми со двајца членови, трговија и надворешните односи, внатрешна и надворешна безбедност со тројца членови.

Времето

Британскиот премиер Тереза ​​Меј изјави дека почетокот е 29 март, официјалното активирањето на член 50 од договорот за напуштање на ЕУ.

Откако Меј испрати официјално писмо, за Велика Британија почнуваат да течат двете години во кои треба или да постигне договор, или да биде исфрлена од ЕУ, без да најде решение за проблемите.

Барние вели дека тоа му дава рок од 16 месеци тешка работа, која би требало да заврши некаде до октомври 2018 година. Во рамките на тој период тој треба да се постигне договор – официјално ратификуван од земјите и Европскиот парламент, пред Велика Британија да ја напушти заедницата во март или април 2019 година.

Условите

Барние методично се ангажирал со решавањето на проблемите во области како: британските плаќања за покривање на обврските што направила како земја членка (претставници на ЕУ зборуваат за, грубо кажано, околу 60 милијарди евра); правниот статус на вработените во странство, граѓани на ЕУ и на Велика Британија од двете страни на новата граница; како ќе функционира новата граница, особено во врска со трговијата и најмногу во Ирска.

Освен да посочате деталите околу односите со ЕУ, Меј вели дека сака да се постигне сеопфатен договор за слободна трговија во рамките на овие две години. Многу претставници на ЕУ и на Велика Британија се сомневаат дека тоа може да се случи за толку краток период. ЕУ инсистира разводот да биде договорен пред да се дефинираат условите за нови трговски односи и е отворена за преодни договори од 2019 година

“Денес е прв ден на еден многу тежок пат”, рече во средата Мишел Барние.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико