Правдико

   

Тимови на СЈО повторно влегоа во РЕК Битола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тимови на Специјалното јавно обвинителство повторно влегоа во РЕК Битола, а еден тим влезе и во битолската млекарница. Извори на ТВ 24, доцна вечерва ја потврдија оваа информација. Се работи за два тима обвинители и извршители на СЈО, кои повторно влегле во битолскиот енергетски капацитет.

Од СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

Дали истрагата во РЕК е продолжение и надоврзување на претходната или се работи за сосема нова истрага? Претходно, тимови на СЈО влегоа и извршија увид во документацијата на 5 октомври минатата година.

„Претставници на СЈО со соодветна документација во рамките на нивните законски овластувања, беа во РЕК Битола. Како компанија им излеговме во пресрет да им обезбедиме се што е предмет на нивните потреби“, рекоа тогаш од енергетскиот комбинат.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико