Томан на средба со Чулев побара чешки полицајци и натаму да патролираат на јужната граница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со чешкиот амбасадор Мирослав Томан.
Како што информираат од ресорното министерство, тема на заедничкиот состанок била борбата против илегалната миграција, организацијата на парламентарните избори и справувањето со пандемија од Ковид-19.
Амбасадарот Томан на Чулев му врачил писмо од чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек, со кое се потврдува заложбата за продолжување на учеството на чешките полициски службеници во заедничките операции на нашата јужна граница.
Министерот го запознал амбасадарот со активностите кои МВР ги презема во насока на успешна реализација на изборниот процес, како и од потребата за учество на набљудувачката мисија на ОСЦЕ – ОДИХР и претставниците на меѓународната заедница.
Тој ја потенцирал и важноста за донесување здравствен протокол, кој, како што рекол, е важен елемент во организација на изборите.
Двете страни се согласиле дека по завршување на изборниот процес меѓусебната соработка треба да продолжи со несмален интензитет.
Извор: Макфакс