Топ 10 најимпресивни градби на правни факултети | Правдико

Правдико

   

Топ 10 најимпресивни градби на правни факултети

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правдико ви ги претставува 10-те најимпресивни градби на правни факултети во светот:

10. Универзитет Ајова – Правен колеџ (Ајова сити, Ајова, САД)

10-University-of-Iowa-College-of-Law-Boyd-Law-Building-1024x1024

Изградена од Гунар Биркетс, таканаречената Boyd Law зграда на правниот колеџ од унивезитетот од Ајова, беше завршена во 1986-та година за потребите на брзорастечката програма на колеџот. Архитектите употребиле цемент и алуминиум за да пресликаат земјоделски структури кои се наоѓаат насекаде низ средно-западна Америка. Инспирирана од силосите за жито, градбата има и две судници, предавални, канцеларии за наставниот кадар и правна библиотека.

9. Правен факултет на Колорадо универзитетот, Wolf Law зграда (Булдер, Колорадо, САД)

9-University-of-Colorado-Law-School-Wolf-Law-Building

Делумно финансирана од студентите кои гласаа во 1997 година да ја зголемат партиципацијата илјада американски долари за да го финансираат проектот, Wolf Law зградата беше отворена во 2006-та година. Името го добила според донаторите Лион и Дора Волф, објектот се здоби со LEED златен сертификат, и нуди технички училници со системи за контрола со екран на допир. Енергетски ефикасно осветлување беше инсталирано вклучувајќи и соларни панели на покривот и станица за полнење на електричен автомобил.

8. Правен факултет, Хердфоршајр универзитет (Хетфилд, Хердфоршајр, Велика Британија)

8-The-School-of-Law-University-of-Hertfordshire-Law-Court-Building-1024x768

Отворена во 2011-та, зградата на Правниот факултет во Хердфоршајр беше дизајнирана од RMJM и добир BREEAM одличен рејтинг за енергетска ефикасност. Впечатливиот дизајн не случајно е направен, се предвидува дека зградата ќе конзумира 50% помалку јаглен отколку зградата каде што претходно се наоѓал правниот факултет. Вклучува и систем за берење на дождовница за да го потпомогне енергетски-ефикасен водовод. Зградата се состои од целосна судница, центар за медијација, предавални и соларни панели на покривот.

7. Правен факултет Вилијам и Мери, Библиотека (Вилијамсбург, Вирџинија, САД)

 7-William-and-Mary-Law-School-Henry-C-Wolf-Law-Library

Дел од колеџот Вилијам и Мери, правниот факултет е втор најстар колеџ во САД. Престижен и селективен, факултетот е често на листата на најдобри правни факултети. Завршена во 2007, библиотеката поседува преку 400.000 списанија и има соба со многу ретки книги. Читалната на библиотеката е од подот до таванот со прозорци, а и самата библиотека содржи многу делови за учење во тишина, па и релаксација.

6. Правен факултет Сара Деј О’конор, Универзитет Аризона Стејт ( Темп, Аризона, САД)

ASU_Arizona-Center-for-Law-and-Society_Ennead-Architects-1024x576

Ќе се отвара есента 2016-та, Аризона центарот на право и општество е проект од 120 милиони американски долари. Релоцирањето на факултетот ќе биде од сегашната локација во Темп, во центарот на Феникс. Новата зграда ќе поседува дво-спратна подземна гаража, голема сала со таван од дрво и неколку убаво украсени градини. Конструкцијата на околу 85.000 квадратни метри колку што ќе биде овој објект составен од големи „кутии“ од метал и стакло, започна во Јули 2014-та.

5. Правен факултет, Лидс универзитет (Лидс, Велика Британија)

5-School-of-Law-University-of-Leeds-The-Liberty-Building

Отворена во 2011, зградата на Правниот факултет на универзитетот во Лидс, е модерно архитектонско ремек-дело составено од цемент и стакло. Енергетската ефикасност на овој објект е на високо ниво, поседува природна вентилација и максимално ја искористува дневната светлина.

4. Југозападен правен факултет, Балокс Вилшајр (Лос Анџелес, Калифорнија, САД)

4-Southwestern-Law-School-Bullocks-Wilshire-1024x681

Балокс Вилшајр зградата, еден од симболите на Лос Анџелес, првично беше изградена како луксузна продавница во 1929-та година. Во 1997-ма година оваа прекрасна градба беше пренаменета во библиотека и факултет за право. Оваа градба се наоѓа на листата на историски места и има статус на историско-културен споменик на градот Лос Анџелес.

3. Правен факултет Томас Џеферсон (Сан Диего, Калифорнија, САД)

3-Thomas-Jefferson-School-of-Law-1014x1024

Лоциран во популарниот дел од Сан Диего, Ист Вилиџ, факултетот за право Томас Џеферсон располага со неколку амфитеатри, паметни училници и неколку тераси. Објектот бил првично изграден во 1969, а новиот кампус бил комплетиран во 2011-та. Работниците што работеле на проектот за новиот кампус, во 2009 година, при ископување нашле остатоци од древен мамут, а исто така и скелет од 500 илјади години стар Сив Кит. Повеќе од коските на мамутот се изложени во факултетската библиотека.

2. Правен факултет, Универзитет Нортумбиа во Њукасл (Њукасл, Велика Британија)

2-The-School-of-Law-University-of-Northumbria-at-Newcastle-City-Campus-East

Модерната и интересна градба на Правниот факултет во Њукасл има добиено 20 награди за дизајн и конструкција. Комплетиран во 2008-ма година, кампусот има бројни училници, паметни училници како и престојувалишта за студенти. Судница и добро позната (за овој факултет) канцеларија Студенско Право, исто така се сместени на новиот кампус. Дневната светлина се искористува блиску до максимумот, што значително ја намалува потребата за дополнително осветлување. Соларни панели се исто така поставени за да се намали електричната потрошувачка.

1. Правен факултет Дурам (Дурам, Велика Британија)

1-Durham-Law-School

За може да се смести зголемената популација на студенти и факултетски работници, Правниот факултет Дурам изгради нов објект кој добил многубројни признанија за енергетско-ефикасна и едукациона архитектура. Оваа модерна градба вклучува судница за симулации на судски процеси, сали за предавања и работни простории за учениците. Овој факултет е рангиран на 4-тото место во Велика Британија, и има една од најдобрите правни истражувачки програми. Комбинирањето на заложба за квалитет во правното образование со тежнеење кон животната средина, оваа структура делува како модел за универзитетските згради низ целиот свет.

— ПРАВДИКО —

Препорачуваме

Партнери на Правдико