Правдико

   

Топ 10 земји каде правдата преовладува

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секоја година организацијата World justice project, изработува извештај за индексот на владеење на правото низ земјите во светот. Овие податоци се добиени врз база на анкета изведена на 100.000 испитаници, во 3 поголеми градови, во 99 држави низ светот. Испитаниците одговараа на прашања поврзани со корупцијата, граѓанските слободи, криминалот како и моќта на владата во нивната држава.

l_3414_8ea73bf5bc90a0b224ef7c61fac8d8bb

Од 99 држави, 20 не забележале промена од претходната година,  25 имале напредок во некои области, 26 забележале пад, додека другите 18 држави имале напредок и падови во различни категории споредено со 2013 година.

Следува листата на држивi каде индексот на владеење на правото е на највисоко ниво:

10.Сингапур

Сингапур е на 10-то место во светот. Оваа земја според истражувањето има најдобар индекс за безбедност, мир, криминална правда и корупција. На пример при испитувањето на прашањето колку се чуствуваат безбедно додека се шетаат сами на вечер, 94% одговориле дека се чуствуваат безбедни, додека само 4% одговориле дека биле жртви на кражба или друг тип на насилство. Што се однесува на прашањата за политичката корупција, 74% одговориле дека политичарите би биле гонети и казнети  доколку сторат такво дело.

9. Германија

german-people

Германија најдобро котира во областа на граѓанските слободи и во ограничувањето на владината моќ. Во областа на корупцијата, скоро половина од испитаниците изјавиле дека политичките власти би биле гонети и казнети за кривични дела против државата, кој процент е над просекот во Западна Европа. Никој од испитаниците не се пожали од проблеми во судството и судскиот систем.

8. Австралија

862834-australia-day

Австралија највисоко котира за прашањата околу владата, позитивната политика и законската регулатива, која се балансирасо потребите на граѓаните. На пример на прашањето што би се случило кога некоја компанија работи спротивно на законските прописи за животната средина, 66 проценти од испитаниците одговориле дека на компанијата ќе му биде наложено доброволно или судски да ги почитува правилата за животна средина.

7. Австрија

0x600

Австрија најдобро котира во областа на почитувањето на основните и фундаментални човекови права како и доброто функционирање на кривичниот судски систем. На 12 прашања поставени за перцепцијата на криминалот и правниот систем во Австрија, испитаниците биле многу оптимисти за разликаод другите земји во Западна Европа и Северна Америка. На пример на скала од 1 до 10, ако 10 значи многу сериозен проблем, за прашањето во врска со заштитата на сведоците, Австрија доби оцена од 1.4, на просек од 4.4 во регионот.

6. Нов Зеланд

0x600 (1)

Жителите на Нов Зеланд котираат подобро од нивните соседи од Австралија, посебно во областите поврзани со работата на владата. На прашањето, ако тие би поднеле барање за пристап до информации со кои поседуваат владините агенциим 100% од испитаниците изјавиле дека тие информации ги добиваат без никакви проблеми и дека доволно е само да се поднесе барање.

5. Холандија

People celebrate the new Dutch King Willem-Alexander in Amsterdam's Dam Square

Како што се наближуваме до врвот следни се холанѓаните на одличното 5то место. Холанѓаните имаат најголем индекс на граѓанските слбоди и законската регулатива. На прашањето да оценат од 1 до 10 колку е сериозен проблемот со корупцијата во судството или недостатокот на судска независност, корупцијата доби оценка 0, додека независноста на судството 0.2.

4. Финска

0x600 (2)

Финска судејќи по одговорите на испитаниците има најдобар кривичен судски систем во светот. Според нив, корупцијата при спроведување на законите и во судството не е сериозен проблем во нивната земја,  со што даваат и висока оценка на полицијата која поседува голем капацитет да ги фати сите сторители на кривични дела.

3. Шведска

4534646

Шведска го зазема третото место, но го има првото место за почитување на фундаменталните човекови права. 85 проценти од испитаниците изјавиле дека верските малцинства можат слободно и јавно да ги слават своите празници како и да одржуваат настани, додека 86 проценти изјавиле дека медиумите можат слободно да известуваат и да критикуваат посебно властите, без никакви опасности и стравови.

2. Норвешка

0x600 (4)

Норвешка според индексот го зазема второто место, но го има првото место за либералната влада, либералното законодавство како и граѓанската правда. Голем број од испитаниците изјавиле дека пристапот до сите информации е потполно слободен.

1. Данска

0x600 (5)

Данска го зазема првото место, но исто така е прва и за прашањата поврзани со ограничување на владината моќ и непостоењето на корупција. 70 проценти од испитаниците изјавиле дека и највисоките функционери би биле гонети и казнети доколку бидат вклучени во корупциски скандали.

39. Македонија 

Macedonian supporters cheer as their tea

Македонија е на 39-то место според индексот на оваа организација. Од добиенте резултати во поглед на спроведување на законите 42% од испитаниците изјавиле дека криминалните истраги остануваат отворени и не добиваат завршница. Што се однесува на прашањето за корупцијата дури 45% одговориле дека најкорумпирани се пратениците. Во судскиот систем најлоша оценка постои за предолгото траење на судските процеси и слабата независност на судството што се смета за доста сериозен проблем.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико