Тошта излезе од притвор | Правдико

Правдико

   

Тошта излезе од притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Александар Јаневски – Тошта, обвинет за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села излезе од затворот во Шуто Оризари, потврди за „Макфакс“ адвокатот на Тошта, Бојан Ваневски.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на адвокатот на Тошта кој навел дека на неговиот клиент сериозно му е нарушена здравствената состојба откако на претходното судско рочиште му се слоши во судницата, па беше пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.

Јавното обвинителство на минатото рочиште се откажа од кривично гонење за еден обвинет, а за двајца го промени обвинението и ним им се суди за насилство. Останатите седум обвинети, меѓу кои и Тошта, се обвинети за обид за убиство на Села.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико