Правдико

   

„Траекторија“: Владини функционери го оштетиле буџетот за 155 милиони евра

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Втората истрага „Тратекторија“, која денеска ја објави СЈО, се води против 4 лица, поранешни високи владини функционери. Тие се сомничат дека во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот  од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за тој износ ѝ овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист.

При процедурата за избор не биле почитувани правилата за спроведување тендер. Осомничените во постапката за барање најдобар изведувач, спротивно на правилата за јавни набавки и спротивно на условите на кинеската влада и кинеската Ексим банка, избрале изведувач што имал поскапа понуда од втората компанија што конкурирала на тендерот.

Во јануари 2013 година високите владини службеници, иако биле доставени две понуди, разгледувале и одлучиле само за една. Понудата на компанијата која доставила пониска понуда била скриена, по што бил склучен договор само со компанијата која имала повисока понуда.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико